Направете супер вкусни компири со месо.
Состојки:
- 1 кг. компири
- 2 лажици маргарин
- 50 мл. млеко
- 500 гр. мелено месо
- 250 мл. доматен сос
- 1 главица кромид
- 2 чешни лук
- 200 гр. моцарела
Подготовка:
- Се мие и вари компирот. Се цеди и се пасира како пире. Се додава врело млеко и маргарин.
- Се пржи сечениот кромид на масло, се додава месото, ситнет лук и се пржи кратко.
- Се додава доматното пире и се динста 15 минути со додавање зачини.
- Се премачкува тава со масло, се става меленото месо, компир-пирето, па моцарела рендана или сечена.
- Се пече на загреана рерна на 200 степени 25 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси