Четири чорби а постапката е иста – Лесен ручек полн витамини и железо

Четири чорби а постапката е иста – Лесен ручек полн витамини и железо

Направете кисела чорба од спанаќ полна витамини и железо.

Состојки:

  • 1 кг. спанаќ
  • 2 главици кромид
  • 2 лажици брашно
  • 1 мала шолја масло
  • 1 лажиче црвен пипер
  • 3-4 чешни лук
  • сол, вински оцет

Подготовка:

  1. Се пржи кромидот на масло и се додава брашно, црвен пипер и 2 литри вода.
  2. Се става ситнет спанаќ кој треба да е убаво измиен, исчистен и сечен, кога ќе зоврие, на крај се ставаат зачини, оцет и ситнет лук.
  3. Се трга од оган.
  4. На ист начин се прават чорба од зелка, коприва, блитва, со истите мерки и постапка.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера