Зеленчук со моцарела и пармезан

Зеленчук со моцарела и пармезан

Направете вкусен зеленчук со моцарела.

Состојки:

  • 1 модар патлиџан
  • 4 средни компири
  • 3 тиквички
  • 2/3 прстофат оригано
  • 200 гр. моцарела
  • 40 гр. рендан пармезан
  • маслиново масло

Подготовка:

  1. Се намастува керамички сад.
  2. Се лупат компирите и се сечат на парчиња, се ставаат да се варат со сол околу 5 минути.
  3. Се лупи црниот патлиџан и се сечат кругови. Се лупат и сечат на кругови и тиквичките.
  4. Се сече моцарела на коцки, а пармезанот се ренда.
  5. Се става маслиново масло во керамичкиот сад, се става зеленчукот и се ставаат зачини, се меша, а горе моцарела и пармезан.
  6. Се ставаат околу 70 мл. вода и се пече на 180 степени на загреана рерна додека не омекне и не стане златна бојата.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб