Компир со крцкава кора

Компир со крцкава кора

Направете компир со крцкава кора.

Состојки:

  • 1 кг. компири
  • 1 лук по желба
  • 50 гр. маргарин
  • 50 мл. маслиново масло
  • 100 гр. пармезан
  • 20 гр. чедар
  • сол, оригано, бибер, мајчина душица

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 200 степени, компирите се мијат и варат во солена вода, се цедат по десетина минути и се лупат и сечат на кругови.
  2. Се зема керамички сад, се премачкува со маргарин.
  3. Се топи маргаринот со мајчина душица и оригано, се става и маслиново масло потоа и сол. Се премачкува добро калапот за печење.
  4. Се редат компирите кои прво ги валкаме во смесата со маргарин и масло, се става горе рендан пармезан и чедар.
  5. Се става и ситнет лук по желба.
  6. Се пече на 200 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text