Ручек од 100 денари – Кога сте уморни од работа ова е рецепт за вас

Ручек од 100 денари – Кога сте уморни од работа ова е рецепт за вас

Направете евтин ручек од неколку состојки, совршен по работа.

Состојки:

  • 4 компири
  • 1 кромид
  • 4 јајца
  • масло, сол и бибер

Подготовка:

  1. Се лупат и сечат компирите на коцки, па се ставаат во тава сосечениот кромид и масло, колку да го прекрие дното.
  2. Се динста да омекне компирот, па се цеди со кромидот од масло.
  3. Се матат јајцата како за кајгана, се додава смесата од компири и се става пак маслото во кое пржевме компир, се загрева и се става смесата со зачини.
  4. Се остава да крчка на тивок оган без мешање.
  5. Се превртува со помош на чинија, се крчка и другата страна и јадењето е готово.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера