Бела чорба – предјадење кое ќе ве наполни со енергија

Бела чорба – предјадење кое ќе ве наполни со енергија

Рецепт за вкусна бела чорба…

Состојки:

  • 1 пиле 1 – 1,5 кг
  • 1 голема главица кромид
  • 2-3 моркови
  • целер
  • 2 ловорови листови
  • 1/2 шолја ориз
  • 2 лимони
  • 3-4 жолчки
  • 150-200 мл павлака
  • магдонос
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во длабок лонец ставете го пилето и налијте 4-5 л вода. Посолете и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие намалете ја температурата и тргнете ја пената која се прави.

     

  2. Откако ќе ја отстраните пената додајте сечкан морков, ловор и целер, па оставете да се готви. Кога пилето ќе се зготви со зеленчукот извадете го пилето па отстранете ги коските и кожата, иситнете го месото и вратете го во лонец.

     

  3. Кога ќе го додавате месото додајте и ориз.

     

  4. После 15 минути готвење, измешајте сок од лимон со жолчки, добро разматете па додајте павлака и добро соединете. Полека ставете ја таа смеса во лонецот со мешање.
  5. Посолете и побиберете по вкус. Додајте магдонос и послужете.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

singlepost_text