Макарони со јајца и сирење – Се спремаат без печење во рерна

Макарони со јајца и сирење – Се спремаат без печење во рерна

Направете најбрзи макарони со сирење и јајца без печење во рерна.

Состојки:

  • 200 гр. варени макарони
  • 70 гр. сирење
  • 1-2 јајца
  • рендан кашкавал, зачини и масло

Подготовка:

  1. Се става многу малку масло на тава, па варените макарони и исцедени од вода се загреваат со мешање, без капак на нив.
  2. Се матат јајца како за павлака и се става рендано сирење.
  3. Се додаваат сол, бибе, оригано, зачини по избор во јајцата, па се додаваат во врелите макарони со уште малку масло.
  4. Се меша и се става капак.
  5. Се пржи без да се крене капакот околу две минути, па се отвара и меша. По 4 минути ставете кашкавал во количина по желба, промешајте и вратете на оган уште 5 минути.
  6. Јадењето е спремно.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

singlepost_text