Стапчиња со сирење: Домашно печиво идеално за доручек

Стапчиња со сирење: Домашно печиво идеално за доручек

Печиво кое ќе го обожавате!

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 3 лажички прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 1 лажичка сол
  • 100 гр путер
  • 100 гр рендан кашкавал
  • малку млеко за премачкување
  • 50 гр пармезан за посипување

Начин на подготовка:

  1. Брашното измешајте го со прашок за печиво во сад или на работна површина. Направете вдлабнатини и додајте сол и јајце. Измешајте со еден дел од брашното и направете густа маса.

     

  2. Додајте парчиња изладен путер и рендан кашкавал и замесете глатко тесто. Ставете го во целофан или кеса, па во фрижидер да се излади.

     

  3. Развлечете на дебелина од три милиметри, исечкајте стапчиња, премачкајте ги со млеко и посипете со пармезан.

     

  4. Рерната загрејте ја на 200 степени. Стапчињата ставете ги во плех и печете 10-15 минути на температура од 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука