Салата како солен колач – Полна урда, шунка и ореви

Салата како солен колач – Полна урда, шунка и ореви

Направете вкусна салата со шунка, сирење и ореви.

Состојки:

  • 150 гр. шунка
  • 50 гр. сусам
  • 500 гр. урда
  • 500 гр. сирење
  • 120 гр. путер
  • 100 гр. ореви
  • 2 лажици мајонез
  • 1 лажица лута црвена пиперка
  • масло и зачини

Подготовка:

  1. Со миксер се мати путер со урдата, ситно рендано сирење.
  2. Се мешаат во друг сад коцки шунка со третина од смесата.
  3. Се става мајонез.
  4. Во друг сад се меша третина од смесата со лута сечена црвена пиперка.
  5. Се става запечениот сусам на смесата од путер, сирење и урда, па се ставаат и мелени ореви.
  6. Се става во калап прво смесата со ореви, па со шунка и на крај со пиперката.
  7. Се сече на парчиња.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт