Најдобро тесто за тулумби – Плус точни мерки за шербет

Најдобро тесто за тулумби – Плус точни мерки за шербет

 

Направете највкусно тесто за тулумби.

Состојки:

  • 200 гр. брашно
  • 250 мл. вода
  • 5 јајца
  • 1 лимон
  • 50 мл. масло
  • ½ л. масло за пржење

Прелив:

  • 500 гр. шеќер
  • 250 мл. вода
  • 2 ванилин шеќер
  • 1 лимон

Подготовка:

  1. Се става шеќер во шерпа, се додаваат 300 мл. вода и сечен лимон. Кога ќе зоврие се ставаат 2 ванилин шеќер и се остава 2-3 минути, па се трга.
  2. Се ставаат во друга шерпа 250 мл. вода со 50 мл. масло, па брашно и се меша.
  3. Се лади, се мати со миксер оладеното тесто со додавање на јајцата едно по едно.
  4. Се става маслото во голема шерпа, се загрева и со шприц се прават тулумби.
  5. Се вртат самите во шерпа, а потоа се вадат и ставаат во сирупот.

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт