Компир салата со пилешко месо без мајонез

Компир салата со пилешко месо без мајонез

Ви откриваме тајна за замена на мајонез во салатите. Рецепт за вкусна компир салата во која не мора да ставате мајонез или павлака за да биде кремаста.

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 1 кг компири
  • 200 гр моркови

Состојки за замена за мајонез:

  • 2 варени јајца
  • 100 мл масло
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажичка сок од лимон
  • малку сол

Останати состојки:

  • 3 средни кисели краставички
  • 1 главица кромид
  • 2 лажици оцет
  • 1 лажичка сол
  • малку биибер
  • 1 лажичка лута пипер

Начин на подготовка:

  1. Згответе го месото, компирите и морковите и оставете да се изладат.

     

  2. Испасирајте ги со миксер состојките за замена за мајонез.

     

  3. Изладеното месо и зеленчук исечкајте ги на ленти. Краставиците и кромидот исто така. Сите состојки измешајте ги и салатата оставете ја да отстои пред послужување.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука