Пита со карфиол и месо

Пита со карфиол и месо

Лесна и вкусна пита…

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 250 гр мелено месо
  • 200 гр карфиол
  • 200 гр праз
  • 1 морков
  • 1 веза магдонос
  • масло
  • 3 јајца
  • 2 лажици гриз
  • 1/2 прашок за печиво
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете праз, додајте морков, месо и карфиол, па убаво издинстајте. Додајте сечкан магдонос, сол, бибер и убаво измешајте. Јајцата разматете ги, додајте гриз и околу 50 мл масло.

     

  2. Раширете ја првата тенка кора па премачкајте ја со две лажици од смесата со јајца и гриз, ставете друга па исто намачкајте ја, ставете трета и четврта и нив намачкајте ги исто, па на четвртата кора ставете фил од динстан карфиол. Свиткајте ги рабовите и замотајте во ролат.

     

  3. Така правете додека не го потрошите материјалот. Ролните премачкајте ги со масло и печете на 200 степени околу 35 минути.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука