100% природни зачини со слатка арома и сушени на чад од дабово дрво

100% природни зачини со слатка арома и сушени на чад од дабово дрво

„Драга Европо, запознај ги пиперките!“, рекоа шпанските морепловци кои за првпат ги донесоа пиперките од Јужна и Централна Америка во 15 век. Останатото е историја.

За прстофат возбуда, со прекрасна црвеникава боја и уште попрепознатлива арома, слатката пиперка набрзо го покори деликатесниот свет на домашни јадења, предводени од специјалитетите од месо и риба, но и намази и чорби. Првично позната како шпанска пиперка, црвената пиперка реши да зачува дел од своето наследство што и денес го формира коренот на нејзиното име.

Богата со витамини, манган, магнезиум и растителни влакна, црвената пиперка содржи 4 пати повеќе витамин Ц од портокалите и повеќе од 30 хранливи материи од групата каротеноиди. Искористете ја максимално со почитување на нејзиниот див, темпераментен дух, но искористете ја и брзо затоа што во спротивно ќе ја изгуби својата боја, вкус и карактер.

Димената пиперка се разликува од својата близначка, црвената слатка пиперка, само по еден, мал, но исклучително важен детал – поради влажната и студена есенска клима во шпанскиот регион Ла Вера, слатките пиперки не можеле да се сушат оставени на воздух, па производителите на пиперки започнале да ги сушат на чад од дабово дрво. 100% природен зачин, исушен на чад од даб, збогатен со раскошна арома и текстура на чад, димените пиперки ја зачувале својата хранлива вредност и со задоволство ќе ја споделат во вашите чорби, гулаши и паприкаши за дополнително да ги оплеменат со слатката арома на дим.

Иако оди добро со скоро сите јадења, димената пиперка особено се сложува со чорби, гулаши, јадења со месо и риба. Испробајте ја во јадења со риба и рижота со морски плодови или пак додадете лажичка во вообичаениот прелив за салата и внесете освежување за готвењето дома. Слатката арома на црвен пипер ќе ја направи салатата исклучително вкусна и примамлива.

Сите зачини од палетата на Вегета Маестро, зачински линии, начини на користење, како и информации за здравствени придобивки од нивната конзумација можете да прочитате на https://zacini-inspiracije.mk/monozacini/dimljena-paprika/