Доручек кој ќе го обожавате: Мафини со пршута и пармезан

Доручек кој ќе го обожавате: Мафини со пршута и пармезан

Готови за половина час!

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл зејтин
  • 2 шолји (шолјата да биде од 200 мл) брашно
  • 1 прашак за печиво
  • Пекабеско пршут (количина по желба)
  • рендан пармезан (количина по желба)

Начин на подготовка:

  1. Јајцата изматете ги заедно со јогуртот и зејтинот. Постепено во истиот сад додавајте го брашното кое претходно сте го помешале со прашокот за печиво.
  2. Кога смесата ќе се изедначи, додадете го ренданиот пармезан и Пекабеско пршутот кој претходно сте го исечкале на мали парчиња.
  3. Калапите за мафини премачкајте ги со путер или масло за јадење, а потоа малку набрашнете ги.
  4. Во калапите ставајте рамномерно од смесата. По вкус, одозгора може да додадете сусам или други семиња.
  5. Печете околу 20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени

Добар апетит!

Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Солена торта од компири

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text