Брза непечена торта со пишкоти

Брза непечена торта со пишкоти

Едноставна за подготовка, фантастичен вкус…

Состојки:

  • 200 гр шлаг
  • 200 гр несолено сирење
  • 100 гр шеќер во прав
  • 100 мл млеко
  • 100 гр пишкоти
  • 1-2 банани
  • 6-7 киви

Начин на подготовка:

  1. Обложете плех со фолија. Разматете шлаг па додајте сирење и изедначете, може да се додаде и шеќер во прав.

     

  2. На дното од калапот ставете неколку лажици шлаг, банани на кругови, потоа шлаг, па пишкоти потопени во млеко, потоа повторно шлаг, па киви сечкани на кругови. Редете така додека не го потрошите материјалот.

     

  3. Оставете малку шлаг за украсување и ставете во замрзнувач еден час. Свртете ја тортата на фолија и украсете ја. Вратете ја во фрижидер добро да впие.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт