Супа со лимон и пилешки: Здрав оброк за целото семејство

Супа со лимон и пилешки: Здрав оброк за целото семејство

Сјајно топло предјадење…

Состојки:

  • 10 шолји бистра пилешка супа
  • 3 лажици масло
  • 8 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем лимон
  • 400 гр пилешко филе
  • 1 шолја кускус
  • 100 гр фета сирење
  • малку црвена пипер
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на загреано масло продинстајте исечкан кромид и лук, па додајте бистра супа и на парчиња исечкано пилешко. Измешајте рендана кора од лимон, пипер, малку сол и бибер, па гответе 15-20 минути. Потоа измешајте кускус, крчкајте уште 10 минути. Додајте на кругови исечкан лимон, па тргнете од оган. Месото иситнете го, вратете во супата, посипете со издробено фета сирење, па веднаш послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт