Брз рецепт, вкусен ручек: Тестенини со сирење

Брз рецепт, вкусен ручек: Тестенини со сирење

Брзо и вкусно јадење…

Состојки:

  • 500 гр тестенини
  • 250 мл павлака за готвење
  • 100 гр чадено сирење
  • 100 гр горгонзола
  • 100 гр топено (зденка) сирење
  • 50 гр изрендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • малку путер

Начин на подготовка:

  1. Тестенините згответе ги по упатството на пакувањето.

     

  2. Подгответе тава во која ќе ставите малку путер да се загрее. Додајте на коцки исечкано сирење и мешајте додека сирењето не се растопи. Додајте павлака и гответе на слаба температура, со мешање, додека состојките не се стопат во густ сос.

     

  3. Во сосот по желба додајте мускатно оревче или лук. На крај измешајте пармезан. Готовиот сос додајте го во зготвените и исцедени тестенини.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text