Брза баклава со ореви и мед – Се прави без шербет

Брза баклава со ореви и мед – Се прави без шербет

Направете вкусна и брза баклава.

Состојки:

  • 450 гр. ореви сечени
  • 225 гр. путер
  • 350 гр. мед
  • 1 пакување кори за пита
  • 1 ½ лажички цимет

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени. Се подмачкува плех.
  2. Се мешаат оревите ситно сечени со цимет. Се топи путер на оган.
  3. Се ставаат две кори во плехот, се премачкуваат со путерот, се става уште три пати по две кори со путер помеѓу секоја втора.
  4. Се става осум лажици фил, па две лажици мед.
  5. Се ставаат две кори, путер, 8 лажици фил и 2 мед.
  6. Се прави така додека има фил.
  7. Се завршува со две кори и се става останатиот путер.
  8. Се сечат триаголници или квадрати и се печат 30 минути.

Поврзани вести на Gotvi.mk:

Брзи традиционални бомбици

Бомбици од пченица

Чоколадни топчиња што се топат во уста

Пченична каша

singlepost_text