Вкусен есенски десерт…
Состојки:
- 1 лимон (кора и сок)
- 2 јаболка исечкани на тенки парчиња
- 4 јајца
- 100 гр кристал шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 50 мл млеко
- 80 мл масло
- 280 гр брашно
- 1 прашок за печиво
- 2 лажици џем
- шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Лимонот изрендајте го и исцедете го сокот. Јаболката излупете ги, исечкајте ги и додајте им сок од лимон и 1 лажица шеќер.
- Измиксајте ги состојките за бисквит. Смесата прелијте ја во плех за печење, потоа додајте џем и јаболка. Печете на 180 степени 25-30 минути. По желба посипете со шеќер во прав.
Уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи