Едноставен рецепт за телешка чорба

Едноставен рецепт за телешка чорба

Одличен рецепт за телешка чорба…

Состојки:

  • 500 гр телешко месо
  • 1 кеса смрзнат зеленчук за чорба
  • 1 главица кромид
  • 1 лист ловор
  • 1 лажица брашно
  • 1 јајце
  • 100 гр павлака
  • 1 лажичка сенф
  • зачин

Начин на подготовка:

  1. На масло издинстајте ситно сечкан кромид, па кога малку ќе омекне, додајте зеленчук и ситно сечкано телешко месо. Прелијте со вода и гответе на умерена температура. Додајте бибер и ловор.

     

  2. Во посебен мал сад ставете масло, па кога ќе се загрее, додајте лажица брашно. Таа запршка ставете ја во чорбата, па уште малку гответе. Пред послужување, во чорбата ставете разматено јајце, павлака и сенф и додајте сув зачин по вкус.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text