Вкусни сендвичи од стар леб…
Состојки:
- 6 парчиња леб
- 3 јајца
- 50 гр бело брашно
- 50 гр презла
- 100 гр шунка
- 100 гр листови кашкавал
- 2 печени пиперки
- малку кулен
- малку масло
Начин на подготовка:
- На едно парче леб ставете кашкавал, па печена пиперка, шунка и кулен. Ставете друго парче леб преку филот.
- Јајцата разматете ги, а брашното и презлата ставете ги на фолија. Сендвичот извалкајте го во брашно, во јајца и презла. Редете во намастен плех. Од горе накапете масло и печете на 200 степени.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи