Три различни слоја од една смеса – Едноставен а посебен колач

Три различни слоја од една смеса – Едноставен а посебен колач

Направете вкусен колач со три слоја од една смеса.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 150 гр. шеќер
  • 1 лажиче екстракт ванила
  • 125 гр. путер
  • 115 гр. брашно
  • пола литар млеко

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 160 степени, се става масло на плех.
  2. Се двојат белките од жолчките.
  3. Се става шеќер во садот со жолчките и се мати со миксер околу минута, па се додва ванила и омекнат путер.
  4. Се мати убаво, па постепено се става и брашното.
  5. Се додава и млеко постепено со матење, со што смесата ќе стане ретка.
  6. Се мати во друг сад снегот од белки, па се става кај жолчките со мешање.
  7. Смесата треба да е воздушеста па не мешајте силно.
  8. Се става смесата во плех и во рерна, се пече околу 40 минути.
  9. Кога ќе биде готов превртете го на послужавник и оладете, а декорирајте си по желба со шеќер во прав или кокос.
  10. При печењето смесата ќе се подели на три различни слоја.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт