Цело соседство ќе мириса: Интегрални кругови од тесто

Цело соседство ќе мириса: Интегрални кругови од тесто

Направете вкусни интегрални погачи.

Состојки:

  • 500 гр. брашно
  • 500 гр. интегрално брашно
  • 1/2 лажички шеќер
  • 4 дл. кисела вода
  • 1/2 кеси прашок за пециво
  • 50 гр. сусам
  • 1 коцка квасец
  • 2 дл. масло
  • 1,5 лажички сол
  • семки од сончоглед

Подготовка:

  1. Се става во киселата вода квасец со сол и шеќер.
  2. Се мешаат двата вида брашно и се става растопениот квасец, се става прашок за пециво, сусам и семки и масло.
  3. Се меси тесто.
  4. Се остава да нарасне на топло и потоа се развлекува, се вадат кругови и се оставаат на плех со хартија половина час.
  5. Се печат на загреана рерна на 200 степени додека поруменат.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт