Тестенини со моцарела и пармезан од рерна

Тестенини со моцарела и пармезан од рерна

Направете вкусни тестенини, кремави и со сирење.

Состојки:

  • 4 лажици маргарин
  • 6 лажици брашно
  • 700 мл. млеко
  • 500 мл. вода
  • 1 лажиче сол
  • 250 гр. тестенини
  • 150 гр. гауда
  • 75 гр. моцарела
  • 25 гр. лебни трошки

Подготовка:

  1. Се загрева рерна на 180 степени.
  2. Се топи маргарин на тава, се става брашно, се ставаат 350 мл. млеко и се меша убаво, па се додава остатокот од млекото.
  3. Се става вода, сол и бибер.
  4. Се меша 2-3 минути и се ставаат макароните во смесата.
  5. Се меша за да не се залепат тестенините, се варат околу 2-3 минути и се ставаат во сад за печење.
  6. Печете 10-12 минути на 200 степени и извадете ги.
  7. Ставете гада рендана, моцарела и лебни трошки, па запечете уште 2-3 минути.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко