Фокача со лути чварки: Ароматична погача која лесно се прави

Фокача со лути чварки: Ароматична погача која лесно се прави

Совршен избор за закуска…

Состојки:

  • 350 гр брашно
  • 200 мл вода
  • 15 гр квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 4 лажици маслиново масло
  • малку сол

Состојки за фил:

  • 100 гр сирење на коцки
  • малку маслинки
  • 5 лажици чварки со луто
  • 1 домат
  • 50 гр шунка или суџук
  • оригано
  • крупна сол
  • ким
  • 1 жолчка
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода растворете квасец и шеќер, па додајте масло, брашно сол и замесете глатко тесто. Покријте го и оставете го малку да одмори 30 минути. Развлечете тесто со раце без месење. Намачкајте го тестото со маслиново масло.

     

  2. Со масни раце направете дупчиња на тестото и во нив ставете сечкано сирење, кулен, маслинки, чварки. Исечкајте рузмарин, може и малку лук и ставете во тестото. Премачкајте со жолчка и маслиново масло, посипете со оригано, крупна сол и ким. Печете на 200 степени околу 35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт