Погачици со сирење кои ќе ги обожавате: Меко домашно тесто

Погачици со сирење кои ќе ги обожавате: Меко домашно тесто

Погачици готови за 15 минути!

Состојки:

  • 300 гр брашно
  • 25 гр шеќер
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/4 лажичка чили во прав
  • 100 гр ладен путер
  • 100 гр рендано чедар сирење
  • 250 мл матеница
  • 1 јајце
  • 1 лажица вода

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени, а тепсијата обложете ја со хартија за печење.

     

  2. Измешајте брашно, шеќер, прашок за печиво, сода, чили и сол во еден сад. Ставете парчиња ладен путер и кратко матете. Додајте сирење и матеница, па префрлете на побрашнета подлога и кратко месете.

     

  3. Развлечете го тестото да биде со дебелина од 1,5 см, па исечкајте кругови. Премачкајте ги со жолчка, ставете во тепсија и печете 15 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт