Пченкарни мафини за утрински оброк

Пченкарни мафини за утрински оброк

Брзи и вкусни мафини за доручек…

Состојки:

  • 2 мали шолји пченкарно брашно
  • 1 мала шолја глатко брашно
  • 1 мала шолја масло
  • 1 мала шолја млеко
  • 2 јајца
  • прашок за печиво
  • сол
  • зачини – оригано, рузмарин, мајчина душица, сушен домат, брокула

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки добро разматете ги. Намачкајте ги калапите за мафини со врело масло и подготвената смеса ставете ја да исполни до 3/4 од секој калап. Во средина од калапите ставете цветови брокула.

     

  2. Печете 20 минути во загреана рерна на 200 степени, па намалете на 180 степени и печете уште 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт