Кокос коцки со карамел

Кокос коцки со карамел

Направете десерт со крем карамел.

Состојки:

  • 4 јајца
  • 500 мл. млеко
  • 150 гр шеќер(+50 за карамел)
  • 120 гр. кокос

Подготовка:

  1. Се карамелизира шеќерот за карамел и се става во плех каде ќе се пече.
  2. Се матат јајца со шеќер, се додава добро загреано млеко и кокос.
  3. Се меша и става преку карамелот.
  4. Се пече на 170 степени 50 минути.
  5. Кокосот за време на печењето ќе дојде на површина и ќе формира кора.
  6. Се сече потоа на коцки или штангли.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text