За љубителите на месо и кисела зелка: Чанго гулаш

За љубителите на месо и кисела зелка: Чанго гулаш

Гулашот послужете го со кисела павлака.

Состојки:

  • 750 гр јунешко
  • 2 главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 300 гр кисела зелка
  • малку ориз
  • црвена пипер
  • ким

Начин на подготовка:

  1. Месото измијте го и исечкајте го на коцки. На маст пропржете кромид кој сте го исекле на кругови. Посипете со мелена црвена пипер, па додајте месо, сечкан лук, ким, сол. Додајте малку вода, па динстајте го месото. На половина од динстањето додајте кисела зелка и продолжете со динстање. Кога гулашот ќе биде при крај, додајте измиен ориз и гответе додека не омекне.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт