Едноставна подготовка: Стапчиња со сирење

Едноставна подготовка: Стапчиња со сирење

Можете да ги послужите како грицки, со некој намаз или како вечера со шунка.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 100 мл млеко
  • 1 лажичка путер
  • 50 гр фета сирење
  • 100 гр чедар сирење
  • магдонос
  • 10 гр прашок за печиво
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 шолји брашно
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Во сад измешајте брашно, прашок за печиво и сол. Потоа додајте млеко, растопен путер, фета сирење, изрендано чедар сирење, исечкан магдонос и јајце. Замесете тесто. Потоа на побрашнета површина развлечете го во облик на правоаголник и исечете стапчиња. Пржете во врело масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт