Совршена чоколадна торта

Совршена чоколадна торта

Едноставно се подготвува, вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 300 гр чоколадо за готвење
  • 100 гр путер
  • 75 гр какао
  • 20 гр кафе
  • 4 јајца
  • 200 гр шеќер
  • 1 лажица брашно

Начин на подготовка:

  1. Издробете го чоколадото и растопете го заедно со путер на слаб оган. Откако ќе се растопи и хомогенизира измешајте со какао и кафе. Оставете ја смесата да се излади на страна и за тоа време дорбо разматете јајца со шеќер и брашно.

     

  2. Ставете ја смесата од јајца во чоколадната и мешајте за да се изедначи. Ставете ја смесата во калап за печење со ѕидови кои се одвојуваат, а на кои сте поставиле масна хартија за печење.

     

  3. Испечете ја фината чоколадна торта во загреана рерна на 175-180 степени околу 15 минути. Внатрешноста на тортата останува благо течна, а од надвор има пријатна кора.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт