Намаз од црни патлиџани и лук

Намаз од црни патлиџани и лук

Направете вкусен намаз од црни патлиџани.

Состојки:

  • 500 гр. црни патлиџани
  • 1 чешне лук
  • 1 лимон(сок)
  • 50 мл. маслиново масло
  • малку сол и бибер

Подготовка:

  1. Се мијат црните патлиџани и се ставаат на хартија за печење, па се печат на 180 степени 50 минути, со тоа што ќе ги превртите неколку пати.
  2. Се вадат по 50 минути и се ладат.
  3. Се сечат и им се вади внатрешниот и мек дел, се става во сад со лукот, лимонов сок и зачини, како и маслото и се става во блендер смесата.
  4. Се миксира и служи.

 

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко