Богата гибаница полна со сочен фил

Богата гибаница полна со сочен фил

Ништо подобро од врела пита со сирење…

Состојки:

  • 1/2 кг готови тенки кори
  • 200 гр сирење
  • 250 мл кисело млеко
  • 3 јајца
  • 50 мл масло

Начин на подготовка:

  1. Сирењето издробете го на крупни парчиња. Во киселото млеко додајте јајца и масло и изедначете. Плехот со големина 40х20 премачкајте го добро со масло.

     

  2. Секоја кора згужвајте ја како хармоника и редете по должина во плехот. Ставете сирење. Прелијте со кисело млеко и протресете. Печете а 200 степени околу 50 минути убаво да порумени.

     

  3. Изладената гибаница сечете ја и послужете со јогурт.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт