Брза чоколадна торта од 3 состојки

Брза чоколадна торта од 3 состојки

Брзо и лесно направете неодолива чоколадна торта.

Состојки:

  • 600 мл слатка павлаказа шлаг со 35% маснотии
  • 700 гр чоколадо
  • 3 пакувања бисквити по желба

Начин на подготовка:

  1. Чоколадото и павлаката измешајте ги во лонец да се растопат, а бисквитите искршете ги на парчиња па додајте ги во таа смеса и измешајте.

     

  2. Ставете во сад за печење кој сте го обложиле со хартија за печење па оставете во фрижидер на неколку часа.

     

  3. Кога ќе биде спремно за послужување, само свртете наопаку и украсете.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт