Полнети пиперки со зеленчук и туна

Полнети пиперки со зеленчук и туна

Направете вкусни полнети пиперки со туна.

Состојки:

  • 8 пиперки
  • 250 гр. туна
  • 8 лажици ориз
  • 3 компири
  • 4 моркови
  • 2 главици кромид
  • зачини(сол, бибер, оригано, црвен пипер)

Подготовка:

  1. Се динста ситно сечениот кромид, со целиот зеленчук претходно исечен на коцки.
  2. Се става оризот кој треба да е убаво измиен и на крај туната.
  3. Се меша и се ставаат и зачини.
  4. Се полнат пиперките кои треба да се убаво исчистени, може да ги затворите со круг компир.
  5. Се ставаат во благо намастен плех и се прелеваат со вода.
  6. Се печат на 200 степени додека поруменат убаво.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text