Малку поинакви полнети пиперки: Лесни, вкусни и едноставни за подготовка

Малку поинакви полнети пиперки: Лесни, вкусни и едноставни за подготовка

Јадење кое задолжително морате да го пробате! Ќе ве воодушеви.

Состојки:

  • 7-10 пиперки бабури
  • 300 гр тиквици
  • 2 јајца
  • 500 гр сирење
  • 3-5 чешниња лук
  • магдонос по вкус
  • 1 домат

Начин на подготовка:

  1. Пиперките измијте ги и издлабете ги. Јајцата малку разматете ги, па додајте иситнето сирење. Тиквиците исчистете ги и исечкајте ги на мали коцки и ставете во чинија со јајцата, потоа додајте лук и ситно сечкан магдонос и фино измешајте.
  2. Полнете ги пиперките и редете ги во сад за печење претходно малку намастен. Доматите исечкајте ги на кругови, па наредете ги помеѓу пиперките. Ставете да се пече на 200 степени околу половина час.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт