Мисиркини ќофтиња со блитва во бешамел сос: Брз, лесен и вкусен ручек

Мисиркини ќофтиња со блитва во бешамел сос: Брз, лесен и вкусен ручек

Овој ручек не е тешко да го подготвите, а вкусот гарантирано ќе го обожавате!

Состојки:

  • 2 главици кромид
  • 400 гр мисиркино мелено месо
  • 1 лажичка мелена пиперка
  • сол
  • бибер
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажици презла
  • 1 јајце

Состојки за бешамел со блитва:

  • 500 гр блитва
  • 30 гр путер
  • 3 лажички брашно
  • 400 мл млеко
  • 2 чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Издинстајте кромид околу 10 минути. Измешајте во сад месо, пиперка, кромид, лук, сол, бибер, презла и јајце и добро измешајте.

     

  2. Направете бешамел сос со блитва – во путер или маст додајте две лажици брашно и млеко. Блитвата обварете ја 10 минути, исечкајте и додајте ја во бешамел сосот. Посолете и додајте лук на крај.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Иги“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт