Компир, печурки и сланина – одлична комбинација за вкусен ручек

Компир, печурки и сланина – одлична комбинација за вкусен ручек

Вкусен калоричен оброк…

Состојки:

  • 1 кг млади компири
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • 100 гр кашкавал
  • 300 гр свежи шампињони
  • 50 гр димена сланина Пекабеско
  • 3 чешниња лук
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги шампињоните на парчиња и пржете ги во тенџере на загреано масло. Додајте сланина исечкана на коцки, мешавина од зачини, поклопете го тенџерето и оставете шампињоните да се динстаат околу 3 минути.

     

  2. Потоа додајте исчистени млади компири, изгмечени чешниња лук, посолете, побиберете и измешајте.

     

  3. После 40 минути тргнете го тенџерето од оган, додајте ситно рендан кашкавал и измешајте. Содржината од тенџерето префрлете ја во длабока чинија за сервирање.

     

  4. Јадењето можете да го украсите со гранчиња магдонос или рукола.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт