Овошен чизкејк во чаша

Овошен чизкејк во чаша

Едноставен рецепт за вкусен чизкејк.

Состојки:

  • 300 гр мелени бисквити
  • 150 гр путер или маргарин
  • 3 лажици шеќер
  • 1 лажица густин
  • 1 дл вода
  • 300 гр овошје (јагоди, малини, вишни, цреши, праски… или микс од повеќе овошја)
  • 300 гр шлаг
  • 3 дл студена вода
  • сок од половина лимон
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 100 гр крем сирење – несолено
  • 1,5 дл јогурт
  • 1 кесичка желатин
  • нане за декорација

Начин на подготовка:

  1. Прво исчистете го овошјето и ставете го да се готви со шеќер десетина минути, измешајте го и во него згответе густин измешан со вода. Кога филот ќе згусне тргнете го од шпорет.

     

  2. Желатинот направете го по упатството на кесичката.

     

  3. Потоа разматете шлаг со вода, измешајте шеќер, јогурт, сирење и желатин.

     

  4. Во мелените бисквити ставете растопен путер, добро измешајте и на дно од чаша или сад ставете 4-5 лажици од кексот, добро стегнете, а потоа додајте бел фил и на крај во потенок слој овошен фил. Украсете по желба и чувајте во фрижидер неколку часа да се излади и стегне.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт