Едноставна пита со месо за секакви прилики

Едноставна пита со месо за секакви прилики

Вкусна пита која можете да ја направите за доручек или вечера.

Состојки за тесто:

  • 550 гр брашно
  • 200 мл топло млеко
  • 200 мл топла вода
  • 10 гр сув квасец
  • 60 мл масло
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица сол

Состојки за фил:

  • 300 гр мелено месо
  • 1 голем праз
  • сув зачин
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Активирајте го квасецот, потоа додајте ги сите состојки за тесто и замесете глатко тесто. Оставете да нарасне.

     

  2. Состојките за фил пропржете ги. Тестото развлечете го во круг, потоа ставете фил секаде. Затворете од сите страни, свртете и развлечете круг со сукало.Со врвот на сукалото направете дупчиња.

     

  3. Премачкајте со разматена жолчка и павлака. Печете на 200 степени 30-35 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Летина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт