Вкусни полнети печурки…
Состојки:
- 10 шампињони
- 3 чешниња лук
- 1 лажица крем сирење
- 200 гр пармезан
- сол
- бибер
- црвена пипер
Начин на подготовка:
- Печурките добро измијте ги и отстранете ги дршките.
- Дршките пропржете ги заедно со лук и оставете да се изладат, па додајте крем сирење, пармезан и пипер. Со лажица филувајте ги печурките и наредете ги на тепсија, на хартија за печење.
- Печете околу 20 минути на 200 степени.
Добар апетит!