Банана коцки: Сочни, кремасти и неодоливи

Банана коцки: Сочни, кремасти и неодоливи

Лесен кремаст десерт со банана, ќе ве освои…

Состојки:

  • 4 дл млеко
  • 4 лажици шеќер
  • 1 кесичка желатин
  • 150 гр шлаг крем + млеко за матење
  • 2 банани, изгмечени
  • 150 гр бисквити за подлога

 

Начин на подготовка:

  1. Од 4 дл млеко одвојте 1 дл млеко (ладно), па измешајте желатин да набабри, а остатокот од млекото зовријте го со шеќер. Кога ќе зоврие тргнете го од оган, прелијте веднаш желатин, измешајте да се растопи и кога ќе се излади ставете во фрижидер да стегне (најдобро 10 минути во замрзнувач), треба да биде со густина на мед.

     

  2. Потоа разматете шлаг со млеко, па во разматениот шлаг додајте смеса од желатин и банани и матете со миксер околу 10 минути.

     

  3. Во пелх наредете бисквити пропрскани со млеко, па ставете фил и оставете во фрижидер уште да стегне.

     

  4. По желба прелијте растопено чоколадо врз колачот.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text