Вкусна зимница – Печурки во тегла

Вкусна зимница – Печурки во тегла

Есента е време за правење зимница. Направете печурки во тегла.

Состојки:

  • 3 кг. печурки
  • 6 лажици оцет
  • 3 лажици масло
  • 12-15 зрна бибер
  • 2 ловорови листови

Подготовка:

  1. Се мијат и чистат печурките по избор.
  2. Се варат во солена вода 20 минути.
  3. Се цедат убаво.
  4. Се оставаат цели ситните, а крупните се сечат. Се ставаат на дно на тегла неколку зрна бибер, ловоров лист и печурки.
  5. Се меша сол со оцет и масло и се распоредува смесата рамномерно во теглите.
  6. Се додава и од водата во која се вареле печурките до врв, па се затвараат теглите.
  7. Се пастеризираат еден час со варење.
  8. Се чуваат на ладно место.

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко

Пилешко во кари сос

Пилешко со паста и песто сос

Одличен рецепт – Потпечено мешано месо со печурки

 

singlepost_text