Пиперки со кулен и кајмак – Рецепт со кој ќе ги приготвите за 10 минути

Пиперки со кулен и кајмак – Рецепт со кој ќе ги приготвите за 10 минути

Предјадење кое брзо се приготвува, а вкусот е фантастичен!

Состојки:

  • 3-4 свежи исчистени пиперки
  • 180 мл кисела павлака Пекабела
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр кајмак
  • 1 домат
  • 100 гр кулен Пекабеско
  • 1 лажичка сусам
  • 1 лажичка магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пиперките измијте ги и исчистете ги, а куленот исечкајте го, како и доматот на коцки.
  2. Потоа измешајте ги сите состојки (павлака, кајмак, лук, домати, кулен, сусам и магдонос) и полнете ги пиперките со таа смеса.
  3. Откако ќе ги наполните, пиперките исечкајте ги на парчиња со дебелина на прст и наредете ги на чинија. Декорирајте по желба.

Добар апетит!

Повеќе рецепти со производите на Пекабеско погледнете ТУКА

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text