Кремаста веган паста

Кремаста веган паста

Органски шпагети од крупник во кремаст вегански сос од индиски ореви, комбинирани со вкусни траки од тиквички и динстана леблебија – нашата кремаста паста е вистинско уживање за сечиј вкус.

Еве што ви е потребно:

Состојки:

  • 75 г dmBio индиски ореви
  • 300 г сладок компир
  • 1/2 кромид
  • 1 чешне лук
  • 200 мл крем за готвење од овес
  • малку црвен пипер
  • 350 г dmBio шпагети од крупник
  • малку сол
  • 1 тиквичка
  • 100 г dmBio леблебија
  • малку dmBio масло за пржење
  • малку dmBio црн бибер
  • 50 г сушени домати

Начин на подготовка:

  1. Индиските ореви потопете ги во голема количина вода и оставете ги околу 2 часа.
  2. Излупете ги слатките компири, исечкајте ги на мали парченца и во зовриена вода оставете околу 20 минути да се сварат.
  3. Лукот и кромидот исечкајте ги на ситни парченца. Ставете ги во тава со масло за пржење и малку издинстајте ги.
  4. Потопените индиски ореви, компирите и кромидот и лукот ставете ги во блендер заедно со кремот за готвење од овес, 1 пиперка и блендирајте околу 3 минути додека не добиете кремаста текстура. На крај, сосот додадете го во тава и гответе на среден оган со постојано мешање околу 3 минути.
  5. Шпагетите од крупник ставете ги 6-7 минути во зовриена и солена вода и повремено промешувајте ги. Потоа ставете ги во сосот. По желба можете сосот да го разредите со водата од шпагетите.
  6. Издинстајте ја леблебијата во тава со малку масло за пржење. Зачинете со пиперчињата и со малку црн бибер.
  7. Исечкајте ги доматите на ситни ленти.
  8. Ставете ја пастата во длабока чинија. Сушените домати и динстаната леблебија распоредете ја убаво на пастата, а по желба можете да дозачините и со босилек.

Користени dmBio производи:

Веган паста dm производи

  1. dmBio индиски ореви, 150 г
  2. dmBio крем за готвење од овес, 200 мл
  3. dmBio шпагети од крупник, 500 г
  4. dmBio масло за пржење, 750 мл
  5. dmBio леблебија, 350 г
  6. dmBio црн бибер, 70 г

Повеќе информации за dm можете да најдете на нивната ВЕБ страница

 

ПРОЧИТАЈТЕ и рецепт за:

Вкусен крцкав вегански сендвич

Вкусна крем чорба со куркума и кари (Видео рецепт)