Оброк салата со макарони, шунка и кашкавал

Оброк салата со макарони, шунка и кашкавал

Оброк салата која ќе ве засити!

Состојки:

  • 300 гр макарони
  • сол по вкус
  • 180 гр кисела павлака Пекабела
  • 100 гр крем сирење
  • 2 кисели краставички
  • 150 гр ситно сечкана шунка Пекабеско
  • 2 варени јајца
  • 150 гр ситно рендан кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Макароните згответе ги во посолена врела вода, процедете ги и оставете ги да се изладат. Јајцата обварете ги, излупете ги и изрендајте ги.

     

  2. Изладените макарони посолете ги, додајте рендани варени јајца, кисела павлака и крем сирење. Потоа измешајте ситно сечкани кисели краставички, ситно сечкана шунка и 100 гр ситно рендан кашавал. Сè измешајте како би соединиле состојките.

     

  3. Смесата префрлете ја во сад, рамномерно распоредете, посипете со рендан кашкавал (50 гр). Добро изладете и послужете.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text