Брзи и вкусни лубеница мафини

Брзи и вкусни лубеница мафини

Брза подготовка, фантастичен вкус!

Состојки:

  • 200 гр брашно
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 2 лажичка прашок за печиво
  • прстофат цимет
  • прстофат сол
  • 6 лажици путер на собна температура
  • 150 гр шеќер
  • 2 јајца
  • 1/2 шолја кисела павлака Пекабела
  • 1 шолја сок од лубеница со пулпа (изблендирајте коцки лубеница без коски)
  • 5 лажици сечкано чоколадо
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Во плех за печење мафини ставете хартиени корпички.

     

  2. Разматете брашно, сода бикарбона, прашок за печиво, цимет и шеќер.

     

  3. Во посебен сад разматете путер и шеќер. Додајте и разматени јајца, а потоа и сок од лубеница и павлака.

     

  4. Измешајте со смесата со брашно и додајте иситнето чоколадо. Сè добро измешајте и со смесата полнете ги корпичките за мафини (до 3/4). Печете во загреана рерна 15 до 18 минути. Почекајте испечените мафини да се изладат, па пред послужување посипете ги со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

singlepost_text