Виршла мафини – Многу од една смеса

Виршла мафини – Многу од една смеса

Појадок кој многу заситува а лесно се прави.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 2 дл. јогурт
  • 1 дл. масло
  • 13 лажици брашно
  • 2 лажици пченкарно брашно
  • 100 гр. печеница
  • 3 виршли
  • сол

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со жица и се ставаат сите други состојки освен виршлите, да се добие лесна смеса.
  2. Во калап за мафини се става од смесата, а во средината на секој мафин се става парче виршла.
  3. Се загрева рерната на 180 степени и се печат 15 минути.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко