Вкусни топчиња од тиквици

Вкусни топчиња од тиквици

Подгответе вкусни топчиња од тиквици…

Состојки:

  • 2 тиквици
  • 2 јајца
  • 1 главица кромид
  • 1 млад морков
  • 3 чешниња лук
  • 3 лажици спелтино брашно
  • 5 лажици глатко брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • 2 лажици листови магдонос
  • 1 лажица рендан пармезн
  • 1 лажица сув зачин

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците измијте ги и изрендајте ги, морковите, лукот и кромидот излупете ги и изрендајте ги. Додајте јајца, два вида брашно и лесно мешајте со лажица.

     

  2. Потоа додајте прашок за печиво, исечкан магдонос, сув зачин и пармезан. Добро соединете, намастете ги рацете со масло и правете топчиња префрлајќи ги од рака во рака.

     

  3. Доколку смесата е ретка додајте брашно. Топчињата редете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете на 200 степени 30 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко