Совршен ручек: Пилешко полнето со зеленчук со бешамел сос

Совршен ручек: Пилешко полнето со зеленчук со бешамел сос

Послужете со салата или прилог по желба.

Состојки:

  • 600 гр пилешко филе
  • 300 гр тиквици
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • соја сос
  • 3 лажици масло
  • бешамел сос

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на тенки парчиња и исчукајте го. Зачинете со соја сос, па посолете и побиберете.

     

  2. Во тава ставете масло и пропржете кромид исечкан на коцки и изрендани моркови и тиквици. Посолете и побиберете.

     

  3. Секое парче месо филувајте го и свиткајте. Редете во тепсија. Разматете јајце и прелијте преку месото, а потоа прелијте и бешамел сос. Печете 35 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко